logo
logo
logo

На Снежана цело семејство и умрело од Ковид и тоа за три дена: Жалам што не можев да се збогувам со никој!

Vecer | 11.06.2021

На Снежана цело семејство и умрело од Ковид и тоа за три дена: Жалам што не можев да се збогувам со никој!

Една од најтрагичните приказни од почетокот на пандемијата доаѓа од Хрватска.

Станува збор за приказната на Снежана Матиќ која имала низа Ковид позитивни случаи во своето семејство, а по нив и телефонски повици кои никој не сака да ги добие.

Таа останала без својот сопруг, брат, мајка и свекрва. Сите починале од коронавирус. За само три дена таа ги погребала своите најблиски еден по друг. Својата приказна, Снежана решила да ја сподели за хрватската емисија “Потрага”.

-Прв кој разви симптоми беше мојот брат. Не се чувствуваше добро. Велеше дека настинал, па постојано се лекуваше со чаеви и витамини. Таа сабота бевме кај него на гости, но се беше во ред. Малку кашлаше. Трет ден потоа, мојот сопруг крена температура, вели Снежана.

Веќе во понеделникот нејзиниот брат Мирко завршил во болница, а два дена подоцна и нејзиниот сопруг бил хоспитализиран. Во меѓувреме се разболела и нејзината мајка Роза која имала 92 години. Неколку дена подоцна, позитивна на Ковид-10 била и нејзината свекрва која била во своите 80ти години.

Речиси цело село било заразено

-Ниту мајка ми, нуту свекрвата излегуваа од дома. Тие буквално не одеа никаде. Во тоа време речиси цело село беше позитивни на Ковид-19. Роберт имаше симтоми кои наликуваа на грип. Имаше температура и болки во коските. Пиеше апчиња за намалување на температурата, но ништо не му помогна. Потоа следеше тешкото дишење. Не можеше да направи чекорм а да не се задиши. Тој не веруваше во корона, и до последно велеше дека е болен од грип, открива таа.

Сепак Снежана решила да не го послуша својот сопруг и да повика брза помош. Тогаш го видела за последен пат. Нејзиниот сопруг бил хоспитализиран, а додека бил во болница успеале да се слушнат неколку пати. Според неа, Роберт верувал дека ќе преживее. Имал само 53 години. За време на војната, Роберт згазнал на мина и останал без едната нога. Оттогаш живеел со протеза, но бил здрав, тврди Снежана.

-Ми велеше дека е подобар. Сите индикации одеа кон тоа дека ќе оздрави. Бев навистина шокирана кога ќе ми јавија од болница дека починал, вели Снежана.

Во наредните неколку дена, истиот број од болницата и свртел на Снежана уште два пати.

-Во 12 на пладне ми јавија дека починала мојата мајка, а во 7 вечерта мојот брат. Ден потоа добив повик и за мојата свекра, раскажува Снежана.

Се уште не знае како е жива

Снежана вели дека се уште не и јасно како го преживеала тој период. Оттогаш има поминато едвај месец дена а таа се уште не може да спие. Седи и размислува.

-Имам чувство дека сопругот ќе влезе низ врата и ќе каже нешто, завршува таа.

За разлика од нејзиното семејство, таа била негативна на сите тестови. Вели дека најмногу и е жал што не успеала да се збогува од своите најблиски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk