logo
logo
logo

На повидок ли е решение меѓу Белград и Приштина?

Vecer | 24.01.2023

На повидок ли е решение меѓу Белград и Приштина?

На Србија и треба мир и одговорен пристап, претседателот Александар Вучиќ навести дека го прифаќа европскиот план, топката сега е во рацете на косовскиот премиер Албин Курти. Во очекување на официјален одговор на Белград за актуелниот предлог на меѓународната заедница за финален договор меѓу Косово и Србија, специјалниот претставник Габриел Есокбар во интервју за ХТВ оцени дека има позитивни реакции од двете страни, иако вели разврската е на самиот  почеток.

„Реалноста е дека во актуелната криза не е добра идеја Европа да одржува замрзнат конфликт во нејзините граници. Она што го правиме е да го користиме овој предлог како платформа за изнаоѓање решение кое би функционирало за двете земји. А тоа се решенија кои го отвораат евроатлантскиот пат, ги штитат малцинските заедници и навистина отвораат можности за економска интеграција. И затоа мислам дека има причина за оптимизам.- Габриел Есокбар, Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан.

Во вчерашното обраќање српскиот претседател Александар Вучиќ објасни дека на состанокот со „големата петорка“ вклучително и со Ескобар, му било кажано дека Србија мора да го прифати т.н. француско-германски план во целост, во спротивно земјата ќе се соочи со прекин на евроинтеграциите.

-Во втората реченица која што ми ја соопштија -во втората реченица, велат „Морате да го прифатите овој план, а ако не го прифатите, бидејќи ние сметаме дека тој мора да биде прифатена во целост де-факто новата преговарачка рамка за пат кон ЕУ, ќе се соочите: под 1. со прекин на процесот на ЕУ интеграции. Ќе се соочите со прекин а со тоа и повлекување на инвестициите, ќе анализирам се околу тоа. И под 3. со сеопфатни мерки во политичка и економска смисла кои ќе и нанесат голема штета на Република Србија.-- Александар Вучиќ, Претседател на Србија.

Меѓу другото Вучиќ најави голема борба за Заедницата на српските општини, но како што рече загрижен е поради непропорционалниот пристапот за решавање на проблемот.

Поранешниот претседател на Србија и лидер на опозициската Демократската партија предлогот на ЕУ го оцени како „лицемерна уцена“, а власта во Србија неспособна, да се соочи со косовското прашање.

„Ако се прифати тој принцип, односно дека Србија нема да се противи на меѓународната интеграција на Косово во мултилатералните институции, тоа значи дека ние имплицитно му обезбедуваме пат на Косово кон членство на Косово во ОН во некое догледно време, а тоа значи дека драматично сме ги урнале интересите на Србија, не ние, туку актуелната власт. , изјави Борис Тадиќ, поранешен претседател на Србија.“

Официјалната содржина на француско-германскиот предлог се уште не е позната иако проструи во дел од српските медиуми. Според документот што го објави „Данас“ во кој експлицитно не се споменува меѓусебното признавање или членство на Косово во Обединетите нации, но јасно е назначено дека Србија нема да се противи на пристапување на Косово во меѓународните огранизации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk