logo
logo
logo

ПОЛИЦИЈА МУ ГО ЗАПЛЕНИЛА АВТОМОБИЛОТ

На Инстаграм се фалел со БРЗО ВОЗЕЊЕ и ги предизвикувал полицајците, па останал без ЛАМБОРЏИНИТО

Vecer | 27.03.2023

На Инстаграм се фалел со БРЗО ВОЗЕЊЕ и ги предизвикувал полицајците, па останал без ЛАМБОРЏИНИТО

Полицијата му го одзеде луксузниот суперавтомобил на Урош Паниќ

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Србија заплениле автомобил ламборџини, по видеото на кое гордиот возач ги прозива припадницита на Сообраќајната полиција.

Полицијата му го одзеде луксузниот суперавтомобил на возачот Урош Паниќ кој на социјалните мрежи објавил фотографии од неговото арогантно возење. Против него ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава до надлежниот суд.

Видеото кружи на интернет во изминативе два дена, а припадниците на МУП го лоцирале автомобилот и го заплениле.

- Нема место за арогантни, несовесни и насилни возачи на улиците. Министерството за внатрешни работи законски, одлучно и доследно во борбата против секаков вид загрозување на безбедноста на граѓаните – стои на официјалниот Инстаграм профил на МУП Србија.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk