logo
logo
logo

Песков

„На Европа ЌЕ И ТРЕБА „Северен тек 2“ ЕДЕН ДЕН

Vecer | 19.05.2022

„На Европа ЌЕ И ТРЕБА „Северен тек 2“ ЕДЕН ДЕН

Русија не се надева дека во блиска иднина ќе го пушти гасоводот Северен тек 2. Сепак, таа е убедена дека тој гасовод еден ден ќе и треба на Европа, без разлика што сега зборуваат, соопштија денеска од Кремљ.

„Инфраструктурата на тој гасовод е подготвена и ќе лежи на дното на морето уште некое време. На Европа ќе и треба тој проект некогаш, што и да велат. Засега нема надеж (да започне)“. Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Берлин ја суспендираше сертификацијата на гасоводот од Балтичкото Море, кој е дизајниран да ги удвои испораките на руски гас директно до Германија, откако Москва официјално ја призна независноста на два отцепени региони во источна Украина и започна специјална воена операција во земјата.

Европската комисија во средата објави план вреден 210 милијарди евра (220 милијарди американски долари) во обид да се стави крај на зависноста на Европа од руските фосилни горива до 2027 година и да се забрза транзицијата кон зелена енергија.

Рускиот вицепремиер Александар Новак денеска изјави дека Русија ќе ја пренасочи енергијата што Европа ја отфрла во други региони во светот, вклучувајќи ја и Азија, додавајќи дека купувачите на Запад ќе плаќаат повеќе за неруски енергетски испораки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk