logo
logo
logo

На електронските адреси на 97 основни и средни училишта во Србија пристигнале пријави за бомби

Vecer | 16.05.2022

На електронските адреси на 97 основни и средни училишта во Србија пристигнале пријави за бомби

Утрово околу 8 часот на електронските адреси на 97 основни  и средни училишта во Србија пристигнале пријави за бомби. Екипите за противдиверзија на МВР по детална проверка во поголем број училишта утврдиле дека се лажни. Прегледот се уште трае, децата не се на настава.

За пристигнатите дојави за бомби во електронските сандачиња на 97те училишта се огласи и Министерството за образование.  Мејлот бил напишан на кирилица и насловен: „На територија на училиштата поставена е огромна количина експлозив“. Дел од содржината на мајлот за постоење бомби е следна:

„Може да кажеме дека не сме први и далеку од последни. Ќе ве убиваат со автомобили, со бомби, со ножеви, со сѐ што може да ви дојде под рака. Олош како нас ќе уништи сѐ пред себе, затоа што светот е гнил, сите сте изгниени однатре.“ , стоело во заканувачката порака.

Лажните дојави ги кренаа на нозе и белградскиот деловен центар како и  аеродромот „Константин Велики“ во Ниш, на чиешто електронското сандаче исто така денеска пристигнаа анонимни пријави за бомби.  Објектите веднаш биле евакуирани, а надлежните екипи излегле на терен и било констатирано дека се работи за лажни пријави.

Директорот на „Аеродром Србија“, откако стигна лажна дојава за поставена бомба на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш, вели дека се преземени сите мерки и дека се надева дека се работи за изолиран случај.

Одделот за високо-технолошки криминал и тероризам на Србија по излегување на терен констатирал дека и овие дојави се лажни. Пријавите се окарактеризирани како кривично дело тероризам, а полицијата трага по испраќачот и локацијата од каде е пратена лажната дојава. Случајот ќе го расчистува обвинителството за организиран криминал.

Откако мета за даојави на лажни бомби беа трговските центри и авионските летови на Аир Србија до Москва, дојавите за  бомби се преселија и во училиштата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk