logo
logo
logo

Му уплатила 15.000 евра за да дојде во Хрватска, а тој ја измамил, ЉУБОВНАТА ИДИЛА ЗАВРШИ ВО ПОЛИЦИЈА

Vecer | 09.06.2021

Му уплатила 15.000 евра за да дојде во Хрватска, а тој ја измамил, ЉУБОВНАТА ИДИЛА ЗАВРШИ ВО ПОЛИЦИЈА

58 годишна Хрватка на социјалните мрежи запознала маж од Америка, кој ѝветил дека ќе дојде во Хрватска поради неа, му уплатила 15.000 евра, а потоа сфатила дека е измамена.

Во полициската пријава навела дека на почетокот на оваа година ја контактирал американски војник кој, ѝкажал дека е на мисија во Сирија при што ја убедил дека сака да дојде во Хрватска затоа што е заљубен во неа и сакал сериозна љубовна врска.

Тој ја замолил да му уплати пари за да ѝ испрати пакети со помош, со ветување дека ќе ѝ ги врати парите. Во повеќе наврати му платила околу 15.000 евра и му купила и испратила два мобилни телефони со вкупна вредност од околу 2.500 евра. Тој не ѝ ги вратил парите ниту пак дошол во Хрватска.

Полицијата го истражува случајот и трага по сторителот на делото.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk