logo
logo
logo

НАЈДЕНИ ДОКАЗИ

МОРБИДНО: Веља Невоља ги учел соработниците како се касапат луѓе

Vecer | 03.04.2021

МОРБИДНО: Веља Невоља ги учел соработниците како се касапат луѓе

Вељко Беливук, познат како Веља Невоља, Марко Миљковиќ и останатите членови на тој клан жртвите ги убивале на најсуров можен начин. Во телефоните на Веља и Маре се најдени детали упатства како се касапат луѓе. Тие ги убивале луѓето по углед на мексиканските нарко картели. Ги сечеле на парчиња, ги топеле во киселина и ги фрлале во Дунав за да не може да се најде ниедна трага.

Во „скај“ телефоните на Беливук, Миљковиќ и другите се најдени детални видео упатства за тоа како се сече месо, коски и како се отстрануваат сите траги од убиен човек.

Истрагата дошла до цврсти докази дека во викендичката во Ритопек и на други тајни локации низ Србија, Беливук и соучесниците ѕверски мачеле, убивале и касапеле луѓе.

- Најголем дел од снимките се толку морбидни што не се за покажување во јавноста. Можам само да ви кажам дека инспекторите кои имаа увид беа шокирани, некои дури и повраќаа од мака, рекол извор за медиумите во соседството.

Инаку, на Беливук и останатите членови на криминалната организација вчера им е продолжен притворот за уште најмалку 30 дена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk