logo
logo
logo

МОРБИДНИ откритија во куќата на ужасот на ВЕЉА НЕВОЉА во Ритопек

Vecer | 28.04.2021

МОРБИДНИ откритија во куќата на ужасот на ВЕЉА НЕВОЉА во Ритопек

Вељко Беливук (35) викан Веља Невоља и членовите на неговата група користеле гумени комбинизони и чизми додека ги касапеле своите жртви, ова се најновите сознанија од истрагата. Имено, во тајниот бункер во куќата во Ритопек биле најдени крвави комбинизони, а се претпоставува дека таму се убиени и смелени во машини за мелење месо најмалку петмина луѓе.

Во бункерот се најдени и големи чекани кои биле користени за дробење на черепите и покрупните коски, што потоа биле закопувани покрај полскиот клозет. Добро информиран извор открива дека инспекторите биле шокирани кога виделе што се било скриено во тајниот бункер во куќата на ужасот во Ритопек.

Новодно Беливук и екипата додека ги распарчувале труповите користеле гумени комбинизони и чизми, а по подот и ѕидовите на бункерот биле излепени најлони.

- Откако оделата и алатот за мачење, како и машините за мелење месо се однесени на вештачење, форензичарите го тргнале и сиот паркет и плочките од гаражата и тајниот бункер во куќата, со цел да не најдат биолошки траги од жртвите, рекол изворот.

Во куќата биле најдени и неколку парчиња гардероба за кои се претпоставува дека им припаѓаат на жртвите. На вештачење биле испратени и парчињата коски најдени во свежо раскопаната земја кај полскиот клозет, каде се претпоставува дека Беливук и екипата ги закопувале издробените коски кои не можеле да се смелат во машините за месо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk