„Се случи трагедија што Црна Гора не ја памети. Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на главниот град Цетиње“, напиша тој на својата Телеграма.

РТЦГ неофицијално дознава дека Абазовиќ и министрите ќе ги посетат ранетите кои се хоспитализирани.

На местото на масакрот има неколку погребални возила.

Вучко Бориловиќ (34) кој денеска во Цетиње си го уби целото семејство и повреди неколку лица, пукал со ловечка пушка, пишува Телеграф.рс. Неофицијално дознале дека меѓу убиените има и четири деца.

 Од РТЦГ информираат дека шест повредени лица се итно хоспитализирани – четворица во болницата во Цетиње, а двајца се префрлени во Клиничкиот центар во Подгорица. Меѓу ранетите има и полицаец.

Делот од градот во Цетиње каде се случи масакрот е блокиран, а се собраа голем број граѓани. Полициските сили се засилени во областа. РТЦГ ги пренесува изјавите на сведоците кои велат дека напаѓачот одел низ населбата и пукал во луѓето на кои наишол.