logo
logo
logo

МОНСТРУМОТ кој си ја искасапи поранешната сопруга, ЖЕНА ЗА БРАК БАРАЛ преку ОГЛАС НА ФЕЈСБУК

Vecer | 21.09.2022

МОНСТРУМОТ кој си ја искасапи поранешната сопруга, ЖЕНА ЗА БРАК БАРАЛ преку ОГЛАС НА ФЕЈСБУК

Роберт. В. од Суботица, кој со нож ја избодел сопругата Љиљана В.(50), 15 дена пред делото, барал партнерка на Фејсбук група, чиј член е веќе седум години.

Имено, тој во групата „БАРАМ СЕРИОЗНА ЖЕНА ЗА БРАК“ на почетокот на септември барал некој со кој ќе може да си разменува пораки.

 

Robert Velimirović, Subotica
Фото: Принтскрин/Фејсбук

 

- Добровечер, сака ли некој неврзан муабет - напишал убиецот на оваа група на Фејсбук.

Покрај оваа објава, може да се забележи дека Роберт седум години е активен член на оваа група и од 2015 година бара партнерка за необавезно допишување и споделување романтични фотографии.

 

Robert Velimirović, Subotica

 

Да потсетиме, Роберт В., вчера брутално ја убил поранешната сопруга Љиљана во нејзиниот стан во Суботица. Несреќната жена во станот живеела со својата мајка, пред која и се случило страшното злосторство.

Ubijena Ljiljana
Убиената Љиљана Фото: Принтскрин/Фејсбук

 

Роберт дошол во станот во кој живеела Љиљана со намера да ја моли да се смират. Нејзината мајка Љубица му ја отворила вратата и го пуштила во станот, не насетувајќи дека ќе дојде до трагедија. Откако неколку пати ја избодел жената со кујнски нож, побегнал.

Тој со своето пежо тргнал во непознат правец, а полицијата од Суботица веднаш започнала потрага. Уапсен е утрово во една населба во Суботица, кога бил пронајден во неговиот автомобил без свест.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk