Двајца Албанци СО НОЖ нападнале момче во Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска информираше дека 20-годишно момче, по националност Србин од селото Могиле, Општина Витина во Косово, бил прободен со нож во рамото, објави Телеграф.рс.
Тој рече дека момчето, кое има две убодни рани, го избоделе двајца Албанци.
Вучиќ додаде дека тоа е резултат на омразата што режимот на Албин Курти и неговите медиуми ја промовираат кон Србите.
Српскиот претседател рече и дека се плаши оти „и на ова ќе реагираат западните партнери со порака двете страни да се смират“.
„Мораме да бараме мир за доброто на сите овие луѓе“, нагласи Вучиќ.