logo
logo
logo

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Vecer | 02.06.2023

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

„Поради ситуацијата што настана на северот на земјата, Министерството ги повикува сите граѓани да избегнуваат преминување низ Србија“, соопшти Министерството. Според нив, имаат извештаи „за апсење на државјани на Република Косово од страна на српските власти при нивното поминување низ Србија“. Во соопштението се додава дека „со тие случаи тесно се решава преку Канцеларијата за врски во Белград“.

„Имајќи ги предвид последните настани и почитувајќи го некоректниот пристап на српските власти, со цел да се избегне каков било инцидент, Министерството ги повикува граѓаните да користат алтернативни рути за патување“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk