Во своето обраќање пред заедничка сесија на Конгресот, Мицотакис предупреди дека за демократијата да преживее Западот треба најпрвин да си го среди сопствениот двор. 

-Повеќе сум загрижен од внатрешните фрагментации отколку од заканите на арогантни деспоти, рече грчкиот премиер. 

Цитирајќи ги претседателите Реган и Линколн, тој рече дека „демократијата не е повеќе од генерација подалеку од изумирање” и дека работата на демократијата останува „недовршена”. 

-Нашите демократии се под закана од сирените на популистите кои нудат лесни решенија на комплицирани проблеми, рече тој. 

Додаде дека нивните гласови се слушнати делумно поради нееднаквата заработувачка и улогата што социјалните медиуми ја имаат во поларизацијата на општеството. 

-Општествата треба да се реформираат, порача тој во својот говор пред американскиот Конгрес.

Сенаторите и членовите на Претставничкиот дом пове ќепати го прекинуваа со овации, додека премиерот ги допираше и темите како руската агресија во Украина и трансатлансткото сојузништво на НАТО.  /МИА