–Премиерот Курти и неговата влада треба да се погрижат избраните градоначалници да ги извршуваат своите привремени должности од алтернативни локации надвор од општинските згради и да ги повлечат полициските сили, порача Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, ден откако Вашингтон го исклучи Косово од воените вежби „Дефендер“.

Според соопштението на Стејт департментот, се вели дека таквата постапка е остра и непотребно ги зголемува тензиите. Упати порака и до Српската влада да го намали безбедносниот статус на војската на Србија, а косовските Срби да престанат да го предизвикуваат КФОР и да се воздржат од натамошно насилство, порача Блинкен.

Следуваше неочекувана реакција на премиерот на Косово, Курти, кој во изјава за Гардијан, изјавата на американскиот дипломат ја нарече наивна, нефер и погрешна.. Но, и попладнево следуваше реакција на сметка на Приштина, овој пат, искажана од францискиот претседател Макрон во Братислава, кој за утре најави средба меѓу Вучиќ и Курти на која би учествувал и Макрон и германскиот канцелар Шолц.

Во меѓувреме на Северот на Косово и денеска се одржваат за сега мирни протести во Звечан, каде пред општинската зградата толпата развиори српското знаме долго околу 300 метри, врз бодликавата заштитна жица поставена од силите на КФОР. Поранешниот претседател на Советот на општина Звечан, порача да се повлечат специјалните сили на косовската полиција , новиот градоначалник да не доаѓа и да се ослободат уапсените Срби.