logo
logo
logo

Минималната плата во Грција од денеска се зголемува на 780 евра

Vecer | 01.04.2023

Минималната плата во Грција од денеска се зголемува на 780 евра

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку Фејсбук коментираше дека минималната плата е на историски највисоко ниво досега и истакна дека на крајот на месецот 585.000 вработени ќе имаат покачување на платите.

-Од 2019 година кога ја презедовме власта, вкупното зголемување на минималната плата достигнува до 20 отсто. Добро знам дека платите кај нас, сè уште се ниски. Очигледно новото зголемување, само по себе не го решава проблемот. Но, нашата земја, благодарение на динамичниот раст на економијата што го постигнавме во последните години, постепено се приближува кон Европа во однос на приходите, напиша Мицотакис.

Додаде дека меѓу 22-те европски земји кои имаат минимална плата, Грција моментално е на десеттото место и истакна дека доколку грчкиот народ повторно ги избере на следните избори, ова зголемување во ќе биде уште подинамично.

Пред две седмици за време на состанокот со надлежните министри, Мицотакис го соопшти зголемувањето на минималната плата, кое носи и зголемувања на надоместоците за невработените и на останатите бенефиции за вработените. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk