logo
logo
logo

Милош Вучевиќ и официјално е избран за нов претседател на Српската напредна партија

Vecer | 27.05.2023

Милош Вучевиќ и официјално е избран за нов претседател на Српската напредна партија

По седницата на собранието на СНС во Крагуевац, Вучевиќ најави дека партијата ќе учествува во формирањето на Народното движење за државата.

- СНС го поддржа предлогот на поранешниот претседател на партијата и претседателот на државата (Александар Вучиќ) да учествуваме во формирањето на Народното движење и мислам дека, по тоа прашање, многу поконкретно ќе можете да видите на крајот на јуни, рече Вучевиќ.

Според него, тој очекува на 24 јуни да се избере ново партиско раководство.

- Тогаш, верувам, до крајот на јуни ќе се приклучиме на големото, патриотско народно движење. Движење кое го сфаќаме како повик и зајакнување на тој политички фронт за одбрана на нашата татковина во многу тешки времиња, изјави Вучевиќ. Тој му се заблагодари на Вучиќ за поддршката за неговата кандидатура за претседател на СНС, наведувајќи дека „отвораат ново поглавје во својата книга“.

- Нашата политика нема да се промени. Остануваме партија која е мотор на развојот на нашата татковина, но и партија која ги чува и негува традиционалните вредности на српскиот народ, на сите граѓани на Србија, рече Вучевиќ.

Тој посочи дека СНС ќе биде најсигурен партнер на претседателот на Србија Александар Вучиќ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk