Противкандидатот на Ѓукановиќ  Јаков Милатовиќ, синоќа доби поддршка од третопласираниот во првиот круг, Андрија Мандиќ, што математички го прави фаворит пред гласањето на 2 април.

Ѓукановиќ рече дека е задоволен од резултатот од гласањето, а во пресрет на вториот круг од изборите за шеф на државата најавува активирање на дополнителен „резервоар“ гласачи за кој тврди дека знае каде е.Тој смета дека Црна Гора денеска го покажала демократскиот капацитет, дека изборите се одвивале во мирна атмосфера, во која граѓаните слободно ја изразиле својата волја.

Кандидатот на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, кој се пласираше во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, синоќа  најави дека ќе го победи Мило Ѓукановиќ.

„Ова е победа за сите оние кои го носеа факелот на слободата 30 години, оние кои беа дискриминирани, ова е победа на порамноправна и праведна Црна Гора,рече тој и најави дека  2 април ќе го испрати ѓукановиќ во политичка пензија.