Мило Ѓукановиќ е новиот претседател на Црна Гора: "Ние сме непобедлива коалиција'

Со 54 проценти освоени гласови, Мило Ѓукановиќ освои нов претседателски мандат на Црна Гора. Неговиот противкандидат Младен Бојаниќ освоил 33,5 проценти од гласовите. Ова е втор претседателски мандат за Ѓукановиќ, а 6 мандати бил премиер.

Ѓукановиќ е речиси 30 години во владејачката структура на Црна Гора.

Новиот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ рече дека го исполнувале ветувањето и победија во првиот круг.

Тој смета дека победничката поддршка значи поддршка за патот на Црна Гора кон Европската унија.

"Убеден сум дека ќе успееме да ги исполниме очекувањата на граѓаните и дека ќе го направиме тој последен чекор во следните пет години", рече Ѓукановиќ во Старата зграда на Владата.

Тој рече дека го цени ентузијазмот, лојалноста и посветеноста на граѓаните .

Тој им се заблагодари на изборните единици ДПС и коалициските партнери и рече дека тие се "непобедлива коалиција".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари