logo
logo
logo

Милановиќ ОТКРИВА ЗОШТО БУГАРИЈА НЕ ВЛЕЗЕ ВО ШЕНГЕН: Пазар и финансиски интерес, владеење на право е само приказна

Vecer | 26.05.2023

Милановиќ ОТКРИВА ЗОШТО БУГАРИЈА НЕ ВЛЕЗЕ ВО ШЕНГЕН: Пазар и финансиски интерес, владеење на право е само приказна

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека Бугарија не е примена во Шенген бидејќи тоа е „конкуренција“. Истовремено, аргументацијата за европските вредности, како што рече, се користи за камуфлирање на конкретни финансиски интереси.

Тој им се обрати на новинарите заедно со неговиот бугарски колега Румен Радев, велејќи дека за оваа тема треба „да се зборува отворено како и за ред други работи за кои се разговара во ЕУ затворено, прикриено, понекогаш и цинично“.

На почетокот на декември минатата година Европскиот совет даде зелено светло за влез на Хрватска во Шенген, но на истиот состанок Австрија го блокираше пристапот на Бугарија и Романија, додека Холандија го блокираше само пристапот на Бугарија, пренесува агенцијата Хина.

За ваквата одлука Виена се залагаше со „неконтролираниот проток на илегални имигранти низ тие земји“, а Амстердам поради корупцијата и состојбата со човековите права во Бугарија.

„Специфичните посебни интереси се обидуваат да се продаваат под превезот на некои вредности и принципи, длабока филозофија, а во суштина се работи за пазарење и ништо повеќе“, истакна Милановиќ, додавајќи дека критериумите не се транспарентни, туку „чисто политички“.

„Во моментот кога Бугарија и Романија ќе влезат во Шенген, поморската врска со централна Европа преку Солун ќе биде многу поблиска, тоа се пари. Тоа е финансиски интерес. Приказните за владеењето на правото се убави приказни“, додаде Милановиќ.

Хина потсетува дека холандското пристаниште Ротердам е најпрометно во Европската унија.

Бугарскиот претседател Румен Радев му се заблагодари на Милановиќ за неговата поддршка и „јасниот став“ за членството на Бугарија во Шенген и додаде дека Бугарија не е во Шенген поради „внатрешни политички причини кои се завиткани во приказната за владеењето на правото“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk