logo
logo
logo

Милановиќ: Кога има проблеми, го нема Брисел! Вакцината би ја набавил и од чеченската мафија!

Vecer | 19.02.2021

Милановиќ: Кога има проблеми, го нема Брисел! Вакцината би ја набавил и од чеченската мафија!

„Кога има проблем Брисел го нема и работите во ваш сопствен интерес. Руската вакцина постои и сега ни е потребна“, рече претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, во интервју за хрватските медиуми.

„Сите се измамени, но вакцината сега доаѓа. Мислам дека следно ќе биде да бараме луѓе по улиците за да се вакцинираат. Вакцини ќе има“, рече тој, додавајќи дека не секогаш слушал што сугерира ЕУ.

„Ако е достапна, би ја купил вакцината од чеченската мафија. Токму така….карикирам. Каков Брисел, кога се работи за миоте граѓани. Вакцината ни треба сега“, рече Милановиќ, пренесува хрватски „Дневник“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk