Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против Мирослав Мика Алексиќ (68) под сомнение за сексуално злоставување на седум девојчиња кои биле ученици во училиштето за глума што го поседува.

Тој е обвинет за незаконско сексуално дело, како и четири силувања на девојчиња, а му се заканува казна затвор од 15 години. Обвинителството исто така објави дека му предложило на судот да го продолжи притворот за Алексиќ, во кој тој се наоѓа од 16 јануари.

– Вишото јавно обвинителство поднесе обвинение против Мирослав Алексиќ, кој е обвинет за сторено две продолжени кривични дела силување, две кривични дела силување, едно продолжено кривично дело незаконити сексуални дејствија и четири кривични дела незаконски полови дејствија, до на штета на седум оштетени лица.Обвинителството изјави дека со цел да се заштити приватноста на учесниците во постапката, било предложено исклучување на јавноста за време на главниот претрес.

Да потсетиме, се сомнева дека сопственикот на училиштето за глума злоупотребувал ученици од 2008 година до минатата година. Во полиција го пријавила актерката Милена Радуловиќ, потоа нејзината колешка Ива Илинчиќ, а потоа се јавиле и други девојки.