Мичел: Србија ја има поддршката од САД

За време на престојот во Србија, американскиот помошник државен секретар Вес Мичел уверил дека Србија ја има поддршката на нивната земја, известија од кабинетот на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

На средбата со Дачиќ, двајцата соговорници се осврнале на регионалната стабилност, европскиот пат на Србија и продолжувањето на Бриселскиот дијалог – теми на кои Вес Мичел истакнал дека Србија има постојана поддршка од САД.

Според него, Вашингтон смета дека Србија е една од најважните земји во регионот и столб на стабилност на Балканот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари