logo
logo
logo

СРБИЈА

МЕСТО СВАДБА ЗАТВОР! Никола (30) добил корпа, па ја киднапирал девојката

Vecer | 30.11.2021

МЕСТО СВАДБА ЗАТВОР! Никола (30) добил корпа, па ја киднапирал девојката

Врз основа на спогодба за признавање вина, која ја склопил со Првото основно јавно обвинителство во Белград, пред Првиот суд на една година затвор е осуден Никола Ч. (30) заради противправно лишување од слобода.

Тој на 28 септември во попладневните часови во близина на ТЦ Бео шопинг центар на сила, по кавга во возилото ја турнал својата девојка М.А. (29). Ја сместил на совозачкото место, го заклучил возилото така спречувајќи ја да излезе надвор. Девојката сакала да излезе, но тој не и дозволил и тргнал кон Крушевац.

Случајот во полицијата го пријавиле минувачи кои биле сведоци на настанот. Малку подоцна возилото било лоцирано во Јагодина, каде што Никола Ч. бил уапсен.

Како што тогаш соопштиле од полицијата, Никола Ч. рекол дека тоа го сторил затоа што М.А. „одбила да се омажи за него“. Наводно пред немилиот настан двајцата веќе биле во полиција заради кавга околу заедничкиот живот и фотографиите од друго момче што ги нашол во телефонот на девојката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk