logo
logo
logo

МЕСИ и РОНАЛДО сакаат да играат за Хрватска! Живеат во Славонски Брод, а родителите им се ФУДБАЛСКИ ФАНОВИ

Vecer | 28.11.2022

МЕСИ и РОНАЛДО сакаат да играат за Хрватска! Живеат во Славонски Брод, а родителите им се ФУДБАЛСКИ ФАНОВИ

Многу често се случува родителите да ги именуваат новородените деца по нивните идоли, било да се тоа познати личности или ликови од популарни филмови и серии. Многумина се водат и од верувањето дека нивните наследници, благодарение на нивното име, ќе ги добијат карактеристиките и славата на нивните познати имењаци.

braća Stojanović

Иако Кристијано Роналдо и Лео Меси се две познати фудбалски имиња кои ги знае цел свет, а се многу застапени особено на шпанскиот и на португалскиот простор, со ова дуо може да се пофали и нашиот регион, барем кога се во прашање имињата.

 

braća Stojanović

Имено, во Славонски Брод, Хрватска, живеат две деветгодишни момчиња по име Кристијано Роналдо и Лео Меси Стојановиќ. Како што пренесува РТЛ Данас, тие ги добиле своите имиња бидејќи нивните татковци се страсни навивачи на Барселона и Реал Мадрид.

„Јас и брат ми навиваме за тие клубови. Кога жена ми остана бремена, веднаш решив да го именувам син ми Лео Меси, брат ми, исто така, реши син му да биде Кристијано Роналдо“, вели таткото на Лео Меси, Жељко Стојановиќ.

 

 

Меси е срамежлив, Роналдо не, Лео има подобар шут, а Кристијано е подобар техничар. Кога ќе пораснат, би сакале да бидат фудбалери и да ја стекнат славата на нивните имењаци.

„Лео Меси е добар со мене како пријател, но и како играч“, вели Кристијано Роналдо за својот брат.

Кога се читаат нивните имиња на турнирите, сите се во неверување. Така е и на училиште.

 

braća Stojanović

„И учителката беше малку изненадена од каде ни дојде идејата да дадеме такво име. Само рековме дека така решивме и тоа беше тоа. Додека беше Ел Класико и додека Меси беше во Барселона, а Роналдо во Реал Мадрид сите ќе се соберевме, јас навивам за Барселона, брат ми за Реал Мадрид и гледаме заедно. Ќе има расправии, но повеќе навивање“, додава Жељко.

Бидејќи и двете момчиња тренираат фудбал и имаат големи соништа, може да се случи еден ден Кристијано Роналдо и Лео Меси всушност да играат за хрватската репрезентација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk