logo
logo
logo

Меркел на Балканот ГИ ПОВТОРИ ЗБОРОВИТЕ ОД 2015 ГОДИНА

Vecer | 14.09.2021

Меркел на Балканот ГИ ПОВТОРИ ЗБОРОВИТЕ ОД 2015 ГОДИНА

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел која е во посета на Балканот,  по заминувањето од Белград, пристигна во Тирана, каде беше пречекана од премиерот Еди Рама.

Медиумите во регионот потсетуваат што рече Меркел кога пристигна на Западен Балкан во 2015 година.

„Геостратешки интерес на Европа е членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ, дојдов да ја дадам поддршката на Германија на оние земји, кои постигнаа голем напредок на европскиот пат“, рече германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана уште во 2015 година.

Едно од прашањата е секако како ќе однесуваат наследниците на Меркел по прашањето на Западен Балкан, особено ако надворешната политика може да ја одредува СПД, која, според анкетите, има најголеми шанси за победа, иако може да се очекува дека нема да има драстични промени.

Ангела Меркел донесе по нешто за секого, ја поддржа европската интеграција на шесте земји, но предупреди дека Германија нема да поддржи каква било промена на границите на Балканот.

Интересно е и тоа што Меркел на Балканот го остава својот близок соработник, а тоа е високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит.

Германија, како земја -локомотива на ЕУ, исто така мора да го реши проблемот Македонија, чиј почеток на преговори е блокиран од Бугарија, и да се обиде да ја одблокира и Албанија.

Агенцијата ДПА наведува дека Меркел повеќе ги претставува интересите на германската економија (Германија е главниот економски и инвестициски партнер на сите овие земји) и дека стабилноста и е поважна од политиката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk