logo
logo
logo

Меркел го испрати Тадиќ од власт, СЕГА ДОАЃА ВУЧИЌ ДА ЈА ИСПРАТИ НЕА ОД ВЛАСТ

Vecer | 13.09.2021

Меркел го испрати Тадиќ од власт, СЕГА ДОАЃА ВУЧИЌ ДА ЈА ИСПРАТИ НЕА ОД ВЛАСТ

Ангела Меркел денеска и утре ќе ги посети земјите од Западен Балкан. Таа денеска престојува во Белград, каде има средба со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, додека утре во Тирана, ќе се сретне со премиерите на сите земји од Западен Балкан.

Имајќи предвид дека посетата се одржува нешто повеќе од 10 дена пред парламентарните избори во Германија, на кои Ангела Меркел нема да се кандидира за канцеларка за прв пат по 16 години власт, јасно е дека доаѓањето во Србија е последна билатерална посета на долгогодишната канцеларка.

На тој начин Александар Вучиќ ќе биде последниот светски лидер со кого највлијателната европска државничка во 21 век ќе има билатерална средба. Овој факт покажува колку Германија придава значење на регионот на Западен Балкан, а се очекува Меркел да ја пренесе пораката од Германија дека германската политика кон регионот ќе остане непроменета и цврста.

Додека канцеларката Меркел се подготвува за своето проштално државно патување, многумина во Србија се сеќаваат на нејзината посета на Белград во 2011 година, кога на Борис Тадиќ му пренесе серија барања во врска со европскиот пат на Србија, но и проблемите на Косово и Метохија.

Атмосферата за време на состанокот беше напната, а непријатноста кулминираше кога германската канцеларка поднесе барање за укинување на српската влада на северот на Косово и Метохија.

По таа средба, многумина коментираа дека Ангела Меркел потоа дојде да го „симне“ Борис Тадиќ од власт, имајќи предвид дека на следните избори, Тадиќ загуби од Николиќ, што го означи почетокот на ерата на власт на Српската напредна партија.

Сега можеме да се каже дека Меркел дојде да Вучиќ неа ја испрати, имајќи го предвид времето на посетата и фактот дека наскоро ќе престане да биде канцелар.

Предвидена е свечената церемонија за доаѓањето, а потоа билатерална средба меѓу претседателот Вучиќ и канцеларката, по што двајцата државници ќе се обратат пред медиумите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk