Нема ниту вести на тв,ниту весници

Медиумски мрак во Грција – 24 часовен штрајк на новинарите

Грчките новинари започнаа 24 часовен штрајк, во знак на протест поради можно затворање на здравствениот фонд за медиумските работници.

Грчките новинари започнаа 24 часовен штрајк, во знак на протест поради можно затворање на здравствениот фонд за медиумските работници.

Телевизиите денеска не емитуваат вести, вебсајтовите нема да објавуваат нови вести, а в среда нема да има ниту весници.

Најголемиот синдикат на новинарите ЕСИЕА, кој повика на штрајк, побара помош од владата и од медиумските компании за да го зачува здравствениот фонд кој се соочува со финансиски проблеми.

Грчките медиуми се тешко погодени од финансиската криза во земјата, која предизвика голем пад во приходите од реклами и претплата, како и со високата стапка на невработеност меѓу новинарите.

Штрајкот ќе трае до утре до шест часот наутро.

Поврзани

Најнови вести

Коментари