logo
logo
logo

Марк Руте: „Има изгледи за решение за балканските земји да почнат преговори со ЕУ “

Vecer | 23.06.2022

Марк Руте: „Има изгледи за решение за балканските земји да почнат преговори со ЕУ “

„Мислам дека Бугарите сега се на потег, што сепак треба да биде прифатливо за Македонците“, им рече Руте на новинарите на патот кон самитот на ЕУ по претходните разговори со балканските водачи.

„Ништо не е лесно на Балканот. Но, мислам дека има 50-60 проценти шанси да се најде решение следната недела“, рече тој.

Во 2020 година, членката на ЕУ, Бугарија стави вето на пристапните преговори на Северна Македонија поради историски и јазичен спор. Албанските преговори се исто така заглавени бидејќи ЕУ го поврзува нивниот напредок со оној на Северна Македонија.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, за чија влада е изгласана недоверба, во четвртокот во Брисел изјави дека нема изгледи за деблокирање на отворањето на разговорите со Северна Македонија на самитот на ЕУ, но навести дека решение може да се постигне во наредните денови.

Бугарските пратеници во средата и изгласаа недоверба на владата на премиерот Кирил Петков, што предизвика политичка криза во земјата за време на војната во Украина и зголемена инфлација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk