logo
logo
logo

Макрон и Шолц ги повикаа Белград и Приштина на нови избори на северот на Косово

Vecer | 01.06.2023

Макрон и Шолц ги повикаа Белград и Приштина на нови избори на северот на Косово

По заедничките средби на Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц со претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Вјоса Османи, францускиот лидер изјави за новинарите дека тензиите на северот на Косово се резултат на локалните избори на кои само три отсто од запишаните гласачи излегоа на 23 април.

„Ние целосно ги поддржуваме сите повредени, пред се војниците на НАТО. Ги повикавме двете страни да организираат нови избори што е можно поскоро во четири општини (на северот на Косово) и на нив да учествуваат српските претставници“, изјави Макрон за новинарите по европскиот самит на политичката заедница.

По самитот во молдавското село Булбоака, Макрон изјави и дека шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ќе разговара со лидерите на Србија и Приштина за прашањето за одржување нови избори.

„Како што знаете, Германија и Франција предложија план и сега треба да се спроведе“, додаде Макрон, мислејќи на Договорот за патот кон нормализација на Белград и Приштина, за кој лидерите на двете страни се договорија на 27 февруари и 18 март.

Во близина на зградите на локалните самоуправи во Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан денеска продолжија протестите на Србите, четврти ден по ред. Во судирите меѓу граѓаните и војниците на КФОР и припадниците на косовската полиција во понеделникот десетици лица беа повредени од двете страни, пренесе српски Курир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk