Македонските здруженија бараат факултативно изучување на македонскиот јазик во Грција

Бараат да се воведе македонскиот стандарден јазик како изборен предмет во основните и средните училишта во областите на северна Грција. Велат дека тие се регистрирана организација во Грција чија основна цел е зачувување и негување на македонскиот јазик во Грција.
Точниот број на македонски говорници во Грција не е познат, бидејќи податоците за јазичната разновидност не се собираат во националниот попис. Меѓутоа, македонскиот јазик традиционално се зборува во многу градови и во стотици села, дваесетина општини во земјата.
Според нашиот статут, една од нашите главни цели е да го поддржиме идното воведување на македонскиот стандарден јазик како изборен предмет во државните училишта, основни и средни и универзитетите во грција. Го поддржуваме идното формирање на педагошки училишта, односно одделенија на постоечките универзитети во грција за развој на локални наставници по македонски јазик, како и наставни програми и наставни материјали, стои во барањето.