logo
logo
logo

Македонец ранет во Белград, опериран и во добра здравствена состојба

Vecer | 23.05.2023

Македонец ранет во Белград, опериран и во добра здравствена состојба

Македонската амбасадорка во Белград Михаела Веселинов го посетила ранетиот македонски државјанин, 21-годишниот  Д.Л. кој се наоѓа во Ургентниот центар во Белград. По извршениот хируршки третман, тој останува на интензивна нега и е надвор од животна опасност. Заедно со него бил и негов другар,исто така македонски државјанин кој пак не е повреден.

Двајцата синоќа случајно минувале на улицата Максим Горки во наслебата Врачар во Белград, кога се нашле сред уличната пресметка на две криминални групи. Дваесет годишниот Н.Ѓ со два куршуми во грбот го ранил Македонецот, иако според извори на истрагата целта била да се застрела 26-годишниот А.П. кој бил ранет во престрелката. За него е познато дека се барал со потерница поради бегство од издржување на затворската казна на која бил осуден. Тој, според српските медиуми имал богато криминално досие.

Претходно, во полициска акција оперативци на криминалистичката полиција го уапсија Н.Ѓ. кој го изврши  нападот. Тој се товари за сторени кривични дела тешко убиство во обид и недозволено изработување и  тргување со оружје и распрскувачки материи. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград му е одредена 48-часовна мерка притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk