logo
logo
logo

ЛУКА Бојовиќ депортиран во Белград по 10 години робија во Шпанија

Vecer | 30.11.2022

ЛУКА Бојовиќ депортиран во Белград по 10 години робија во Шпанија

Лука Бојовиќ пристигна во Србија по 10 (десет) години минати во шпански затвор, со авион на „Ер Србија“ слета нешто по осум и пол на аеродромот Никола Тесла.

На белградскиот аеродром има силни безбедносни мерки.

- Засега не можам ништо јавно да кажам, но наскоро ќе има можност за тоа. Ви благодариме на разбирањето – рече Бојовиќ, а на прашањето на новинарот на Курир кои се неговите планови за во иднина, тој кратко рече:

- Се уште не знам ништо, полека, ќе има можност, ќе разговараме за се.

Дали е среќен што се враќа во Србија.

- Да, да секако - рече тој како од топ, јасно расположен и насмеан.

Се очекува Бојовиќ веднаш да биде приведен во полициска станица каде ќе биде извршен разговор и легитимирање, што е стандардна процедура во случаите на екстрадиција и депортација. Нема пасош бидејќи му истекол важноста за време на престојот во затвор.

Бојовиќ е слободен човек во Србија, со оглед дека против него нема никаква постапка.

Бојовиќ, кој беше етикетиран како водач на новиот „земунски клан“, денеска беше депортиран од Шпанија, каде претходната деценија ја помина во затвор.

Според шпанскиот закон, странецот има право на условно ослободување откако ќе отслужи половина од казната. Бојовиќ беше уапсен во февруари 2012 година. Тој е осуден на 18 години затвор за поседување оружје, додека е ослободен за случајот за убиството на Милан Јуришиќ Јуре.

Меѓутоа, кога станува збор за Србија, Вишиот суд во Белград нареди повлекување на потерницата по него во август 2016 година, бидејќи тој беше ослободен од обвиненијата за неколку убиства и обиди за убиства во Србија.

Во 2010 година по него беше распишана потерница бидејќи против него Обвинителството за организиран криминал покрена истрага поради сомнение дека е шеф на криминална група, како и дека е организатор на убиството на Бранко Јефтовиќ Јорге во 2004 година и обидот за убиство на Андрија Драшковиќ и Зоран Недовиќ Шок.

По судењето во отсуство, Специјалниот суд во Белград го ослободи од сите обвиненија поради недостиг на докази, а таа пресуда ја потврди и Апелацискиот суд, а потоа потерницата по него беше повлечена.

Фото: Курир.рс

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk