logo
logo
logo

ВО СЛОВЕНИЈА УАПСЕНИ ЕЛИТНИ РУСКИ ШПИОНИ? Еве што е пронајдено во нивната КУЌА!

Vecer | 26.03.2023

ВО СЛОВЕНИЈА УАПСЕНИ ЕЛИТНИ РУСКИ ШПИОНИ? Еве што е пронајдено во нивната КУЌА!

ВО СЛОВЕНИЈА УАПСЕНИ ЕЛИТНИ РУСКИ ШПИОНИ?

Марија Мајер и Лудвиг Гиш се преселиле во Љубљана со двете мали деца во 2017 година. Луѓето кои ги запознале обично би ги сакале, дојденците од Латинска Америка биле пријателски настроени, но не и агресивни, објави „Гардијан“.

Мајер отворила онлајн уметничка галерија, додека Гиш водел ИТ стартап.

Тие им кажале на пријателите дека стравот од уличниот криминал дома во Аргентина ги поттикнал да се преселат во Европа.

Во интервјуата со десетина луѓе кои познавале еден или двајцата, постојано се појавувале два збора: „обично“ и „пријатно“.

Соседите изјавиле дека луѓето кои живеат на бројот 35 се обично семејство, рекле и дека често се слушаат деца како си играат во дворот, викајќи на шпански.

Затоа, тие биле шокирани кога на почетокот на декември Мајер и Гиш биле мета на една од најмистериозните полициски и разузнавачки операции во поновата историја на Словенија.

Полицијата упаднала во куќата, го уапсила брачниот пар и нивните две деца ги однеле на социјалните служби.

Според извор запознаен со истрагата, во куќата била пронајдена огромна сума пари.

Кон крајот на јануари, словенечките медиуми објавија за апсењето, поврзувајќи го со руското разузнавање.

Извори во Љубљана за Гардијан оваа недела изјавија дека Марија и Лудвиг се всушност елитни руски шпиони познати како „илегалци“.

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон ги потврди тврдењата во четвртокот, велејќи им на новинарите дека уапсената двојка всушност биле руски државјани, а не Аргентинци.

За разлика од „легалните“ руски разузнавачи, кои се маскирани како дипломати, „илегалците“ работат без никакви видливи врски со Москва, пишува весникот.

Тие наводно биле обучени со години да се претставуваат како странци, а потоа биле испраќани во странство да собираат разузнавачки информации.

Многу од нив имаат деца, кои биле воспитани без поим дека нивните родители се навистина Руси.

- Осомничените се членови на странската разузнавачка служба кои користеле незаконски стекнати странски лични документи со цел да живеат и работат во Словенија под лажен идентитет и тајно да собираат податоци - изјави портпаролот на полицијата Драго Менегалија.

Неименуван извор со сознанија за случајот рече дека во неформалните разговори по апсењата, Москва брзо признала дека биле шпиони.

Иако се во тек подготовките за судењето во Словенија, меѓу Москва и западните земји се водат преговори зад сцената за нивна размена за лице или лица кои моментално се во затвор во Русија.

Еден од изворите наведува дека парот малку зборувал додека бил во притвор.

- Тоа го прифатија стоички. Очигледно е дека се професионалци. Тие не зборуваат. Сега ќе видиме колку навистина се важни овие луѓе за Русија. Ова сега е голема игра, јасно е дека Словенија овде е само посредник - вели неименуваниот извор, додавајќи дека преговорите за размена се водат на високо ниво.

Фото: Гардијан

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk