logo
logo
logo

Локални избори и во Косово

Vecer | 17.10.2021

Локални избори и во Косово

На денешните избори за градоначалници и советници во општински собранија, право на глас имаат 1 885 448 избирачи, кои ќе гласаат за градоначалници и 1002 советници за 38 општини.

Според Централната изборна комисија на Косово (ЦИК), ќе се гласа во 883 гласачки центри со 2477 гласачки места.

На изборите учествуваат 32 политички партии, 33 граѓански иницијативи, една предизборна коалиција и 23 независни кандидати.

За градоначалници на 38 општини се натпреваруваат 166 кандидати, а за општински советници во Косово се кандидираа 5.198 лица.

На овие избори се гласа за еден кандидат за градоначалник, на посебно гласачко ливче, а во исто време се гласа за еден кандидат за општински советник, исто така, на посебно гласачко ливче.

Гласачките места се отвораат во 7.00 часот и се затвораат во 19.00 часот.

Изборите ќе ги следат повеќе од 25 000 набљудувачи од политичките партии, иницијативи, коалиции и претставници на независни кандидати, граѓанското општество, медиумите, како и претставници на дипломатските претставништва акредитирани во Косово.

Изборите ќе ги следи и специјален тим за набљудување на Европската унија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk