logo
logo
logo

Лечиќ: Јас сум маж кој сака жени! Ги доживувам како инспирација!

Vecer | 27.03.2021

Лечиќ: Јас сум маж кој сака жени! Ги доживувам како инспирација!

Откако актерката Даниела Штајнфелд објави документарец во кој откри дека била силувана од Бранислав Лечиќ во мај 2012 година, јавноста во регионот е шокирана.

Даниела даде и детална исповед за нејзиното трауматско искуство,а во неколку наврати се огласи Лечиќ кој постојано повторува „дека ова е најлошата лага“ за него.

После признанието на Даниела се огласи и водителката Христина која го сподели нејзиното лошо искуство со актерот.

Од друга страна пак, пред неколку години, како гостин во емисијата „Магазин ин“ во 2018 година, Бранислав Лечиќ со водителката Сања Маринковиќ, вака зборуваше за жените:

„Јас сум маж кој ги сака жените и не ги доживувам како другиот пол, туку како инспирација. Инспириран сум од жени, сакам да комуницирам со нив. Ако ме дефинирате како „швалер“, тогаш дисквалификувајте ме од она што се мисли и може, и тоа не ме допира затоа што сум во добар контакт со своето битие и никогаш не сум го предал и никогаш нема да го изневерам“, рече Бранислав пред три години во споменатата емисија, пишува Дневник.хр.

Лечиќ вчера беше и на распит и поминал детектор на лаги во врска со случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk