logo
logo
logo

Лажни масерки ограбувале пензионери: ЕДНАТА МАСИРАЛА, ДРУГАТА ОПЕРИРАЛА

Vecer | 30.04.2021

Лажни масерки ограбувале пензионери: ЕДНАТА МАСИРАЛА, ДРУГАТА ОПЕРИРАЛА

Хрватската полиција ја завршила криминалистичката истрага над две жени на возраст од 65 и 45 години, осомничени за тешка кражба.

Утврдено е дека на 13 август минатат година во Сисак во стан на 85-годишник, се претставиле како продавачи на медицинска опрема, му понудиле услуга масажа, а потоа му го одвлекле вниманието и му украле пари.

И тоа не е единствениот случај, на 26 март истото и го сториле на 79-годишна жена. Се претставиле како медицински лица и и понудиле масажа. И додека едната масирала, другата крадела пари. По завршувањето на истрагата, двете се однесени во притвор, а поднесена е и кривична пријава против нив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk