Лавров денеска во Сараево и Бања Лука

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров ќе ги посети Босна и Херцеговина, каде ќе разговара со претставниците на институциите на БиХ и со официјални лица во Република Српска.

Како што е најавено, Лавров најпрво во Сараево ќе разговара со членовите на Претседателството на БиХ и со министерот за надворешни работи Игор Црнадак, а потоа во Бањалука ќе разговара со претседателот на РС, Милорад Додик.

Додик ги повика гражаните денеска во 14 часот во што поголем број да се соберат на местото каде што се гради српско-руски храм во Бањалука и заедно да го пречекаат Лавров.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари