logo
logo
logo

Курти: За настаните на северот на Косово ќе зборувам подоцна

Vecer | 26.05.2023

Курти: За настаните на северот на Косово ќе зборувам подоцна

 Премиерот на Косово, Албин Курти најави дека подоцна денеска ќе зборува за настаните на северот на Косово, односно за интервенцијата на косовската полиција кога новите градоначалници влегоа во зградите на локалната власт во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

За време на неговата посета на Косовската академија за јавна безбедност во Вучитрн, Курти одби да одговори на прашањата на новинарите за настаните во северно Косово.

Прес-конференцијата на која Курти ќе одговара на новинарски прашања се уште не е официјално објавена, пренесе Бета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk