logo
logo
logo

Курти сериозен: Косово е промотор на стабилноста и безбедноста во регионот

Vecer | 21.09.2021

Курти сериозен: Косово е промотор на стабилноста и безбедноста во регионот

Косово промовира стабилност и безбедност, не само за своите граѓани, туку и за регионот и пошироко, рече премиерот Албин Курти на отворањето на конференцијата „КБС и партнери“.

Курти посочи дека Косово има за цел да биде составен дел на регионалните и глобалните безбедносни структури, особено НАТО и ЕУ.

„Косово сака да биде дел од регионалните иницијативи и да промовира мирни соседски односи со цел да се зголеми стабилноста и довербата меѓу земјите во регионот“, додаде тој.

Премиерот Курти изрази длабока благодарност за важната улога што НАТО, преку КФОР, ја одигра во развојот на безбедносниот сектор и одржувањето на безбедна средина во Косово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk