logo
logo
logo

„Курти и да не сака, ЌЕ СЕ ФОРМИРА ЗАЕДНИЦА НА СРПСКИ ОПШТИНИ, тоа не зависи од него“

Vecer | 06.06.2023

„Курти и да не сака, ЌЕ СЕ ФОРМИРА ЗАЕДНИЦА НА СРПСКИ ОПШТИНИ, тоа не зависи од него“

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар во интервју за виенскиот весник „Пресе“ изјави дека мора да се формира Заедница на српски општини.

Тој рече и дека единственото прашање е дали Косово сака да чека на евроатланска интеграција додека премиерот Курти не ја исполни својата обврска.

Ескобар истакна дека „Косово сега мора итно да се придвижи“ и посочи дека формирањето на ЗСО е меѓународна, законска, преземена обврска.

„Тоа не зависи од него. Ова не е прашање меѓу Курти и Србија. Ова е прашање меѓу Косово и Србија. Курти и да не сака, ќе се формира ЗСО“, нагласи Ескобар на прашањето за отпорот на косовскиот премиер Аљбин Курти кон формирањето на ЗСО.

Тој посочи дека единствено прашање е дали Косово сака да чека евроатланска интеграција додека премиерот не ги исполни своите обврски.

Како што вели, ако Косово не сака нова Република Српска како во БиХ, тогаш треба да го претстави својот предлог што сака.

„Ни кажаа што не сакаат. Сега треба да ни кажат што сакаат, тоа го чекаме“, рече Ескобар.

Неподготвеноста на Приштина да се движи по ова прашање, според него, покажува „неподготвеност да се помири во сопствената земја“.

„Нашата порака до Косово и Србија е – додека двете страни не ги спроведат важните договори од договорот за нормализација, не е време за „business as usual“, подвлече Ескобар.

Тој рече и дека Србија треба да испрати јасна порака дека не толерира насилство, како врз мировните сили на КФОР, така и врз косовската полиција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk