logo
logo
logo

КРВНА ОДМАЗДА ВО АЛБАНИЈА: Го бркале низ Валона, го убиле пред домашната врата (ВИДЕО)

Vecer | 03.06.2021

КРВНА ОДМАЗДА ВО АЛБАНИЈА: Го бркале низ Валона, го убиле пред домашната врата (ВИДЕО)

Крвната одмазда во Албанија се уште постои, а нејзина најнова жртва е Шкељзен Вељај од Валона, кого засега непознат напаѓач го убил со „калашников“.

Албанските медиуми пишуваат дека ова ја продолжение на серијата убиства што започнале во тој град во 2015 година.

Досега најмалку пет лица се убиени во судири меѓу ривалски кланови.

Шкељзен Вељај бил убиен пред вратата од својот дом, откако претходно започнал да бега кога  околу полноќ забележал како му се приближува вооружен човек, соопшти албанската полиција.

Напаѓачот го стигнал пред влезната врата и пукал во телото. Како што се наведува тој починал во локалната болница.

https://youtu.be/bHps50grgmU

Неговиот брат, Арди, е убиен во пукање во 2015 година, кога беа убиени уште две лица, а овој настан започна бран насилство во кој се убиени сопственик на локалната телевизија, директорот на дистрибуцијата на електрична енергија и уште две лица , додека уште седум лица се повредени.

Албанската полиција со години тврди дека серија судири се всушност резултат на судири меѓу ривалски кланови.

https://youtu.be/UNTlqF_DWgk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk