Критики до Трамп по изјавата за Црна Гора – „Трамп наседна на играта на Путин“

Сите ја сакаат Црна Гора без оглед на потешкотиите на Балканот во текот на изминатите години, изјави во видеоинтервју гувернерот на американската сојузна држава Мејн, Пол Лепејџ.

„Тоа е добро бидејќи ако Црна Гора е пријател со сите, Мејн сака да биде партнер со Црна Гора“, истакна Лепејџ за време на посетата во Подгорица, се наведува на официјалниот сајт на американската амбасада во градот.

Критики на адреса на Трамп стигнаа и од републиканскиот сенатор Џон Мекејн, кој наведе дека црногорскиот народ храбро му се спротивставил на притисокот на Путин.

„Напаѓајќи ја Црна Гора и доведувајќи ги во прашање нашите обврски во НАТО, Трамп наседна на играта на Путин“, оцени Мекејн.

Поранешниот американскиот амбасадор во НАТО, Никола Бернс, рече  дека Трамп со изјавата против Црна Гора покренал сомнеж оти САД би можеле да одбијат да им помогнат на сојузниците.

Вчера во интервју за „Фокс њуз“ Трамп ја доведе во прашање обврската на Соединетите Американски Држави да ги бранат членките на НАТО.

„Црна Гора е мала земја со многу силни луѓе. Тие се многу агресивни луѓе. Можеби ќе станат уште поагресивни и ви честитам – во трета светска војна сме. Тоа ми е сосема јасно , но така се поставени работите“, одговори Трамп на прашањето зошто САД би ја бранеле Црна Гора ако таму избие војна.

Трамп неодамна се закани дека ќе ги повлече САД од алијансата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари