Криминални групи од Албанија пренесуваат бегалци кон Европа

Албанските медиуми информираат дека во земјата постојат организирани криминални групи кои вршат пренесување на бегалци од Блискиот исток кон Европа.

Весникот „Ескпрес“ пренесува информација на албанската телевизија „Топ Ченал“ според која во Албанија постојат пет органзирани криминални групи кои се занимаваат со пренесување на бегалци од земјите на Блискиот исток кон Европа. Истиот извор пренесува дека по акцијата на откривање на групата на организиатори од Албанија кои беа затекнати на границата помеѓу Албанија и Црна Гора како пренесуваат 19 Сиријци, албанската полиција веке има јасна слика за начиниот на пренесување на бегалци кои влегуваат во Албанија од Грција, а потоа ги водат кон Европа преку Црна Гора.

Албанските медиуми информираат дека на секој бегалец групите му наплаќаат од 15оо до 2ооо евра . Притоа се оценува дека и покрај активностите на албанската полиција, голем е бројот на бегалци кои завршуваат во земјите на ЕУ, токму преку оваа патека. /K.M.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари