logo
logo
logo

Криминалната банда на Веља можела да го у*ие Вучиќ: Еден професионален снајперист, другиот со богато воено искуство ...

Vecer | 28.05.2021

Криминалната банда на Веља можела да го у*ие Вучиќ: Еден професионален снајперист, другиот со богато воено искуство ...

Кланот располагал со неверојатна сума на пари, која се проценува на “милијарда евра годишно“. Министерот за внатрешни работи Александар Вулин рекол дека истражните органи имаат “нови сознанија“ за криминалниот клан на Вељко Беливук и за луѓето кои се водат како исчезнати, а за кои има сомневање дека се нивни жртви.

Вулин за ТВ Пинк рекол дека за тоа не може повеќе да зборува поради во интерес на истрагата и поради семејствата на исчезнатите.

- Ќе мора да го причекаме почетокот на судењето... Кога ќе почне судењето ќе се видат какви се тоа монстуми – рекол Вулин

Тој навел дека историјата ќе покаже дали тие сакале да го убијат претседателот Александар Вучиќ.

- Биле способни и тоа да го направат. Еден од уапсените е професионален снајперист, другиот имал богато воено искуство... - навел министерот.

Спрема неговите зборови, тој клан располагал со невероватна сума пари и се проценува “на баем една милијарда евра годишно“.

- Замислете кога некој има толкава сума пари што се може да направи? Може било што да направи и да доведе платен убица од другиот крај на светот – рекол Вулин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk