Криминалец од Албанија со калашников убил 8 негови роднини

Во селото Ресулај во близина на албанскиот град Валона лице познато по неговите криминални активности убило дури 8 лица од три семејства, инаку негови блиски.

Полицијата информираше дека масакрот се случил во петокот попладне. Според албанското МВР, убиецот е Ритван Зукај кој со калашников прво убил четуири лица кај неговиот дедо, а потоа кај неговиот чичко убил уште четири други лица, инаку негови роднини. Меѓу убиените се и три жени и две деца.

По убиството, Зукај се криерл во близина на селото, а полицијата побарала од населението големо внимание бидејки станува збор за лице кое може да посегне по животот и на други. Во голема полициска акција, убиецот бил уапсен по неколку часа.

Албанските медиуми информираат дека убиствата се случиле по кавга во поширокото семејство, а на социјалните мрежи во Албанија повеќе корисници бараат изрекување на смртна казна за сторителот.

К.М.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари