logo
logo
logo

Криел фабрика во куќата, мелел и пакувал ЛАЖНИ ПЛАЗМА БИСКВИТИ

Vecer | 09.10.2021

Криел фабрика во куќата, мелел и пакувал ЛАЖНИ ПЛАЗМА БИСКВИТИ

Мелена плазма е се што ви треба! е слоганот на серија кутии кои го чекаа 41-годишниот Д.Ц. во нив да спакува и да дистрибутира лажни плазма бисквити.

Неговиот план, по долга истрага, беше спречен од полицијата во Белград, кои тргнаа во акција во петокот. Тој е осомничен за организирање производство и неовластено користење на туѓото деловно име на стока.

Имено, полицијата пронајде фалсификувани популарни бисквити во пакет од 300 грама на неколку локации во Белград, во помали продавници. Успеале да дојдат до главниот дистрибутер на бисквити, а на крајот биле шокирани од прецизноста и деталите на кои посветил големо внимание.

Во илегалната фабрика најдоа линија за полнење амбалажа, машина за печатење на пакување, поголема количина фолија, печатени картонски кутии и мелени бисквити на големо.

Осомничениот завршил во притвор 48 часа и по истрагата ќе биде предаден на сослушување во државното обвинителство.

Инаку, полициски службеници од полициските дирекции во Смедерево, Крагуевац, Крушевац, Краљево и Панчево учествуваа во акцијата, посетија продавници и бараа фалсификати. Тие во моментов ја одредуваат одговорноста на сопствениците на продавниците дали намерно продавале лажни бисквити и соработувале со производителот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk