logo
logo
logo

Кремљ по изјавата на Вучиќ за воведување санкции кон Русија: Знаеме дека си под притисок

Vecer | 03.02.2023

Кремљ по изјавата на Вучиќ за воведување санкции кон Русија: Знаеме дека си под притисок

Песков реагираше на вчерашната најава на српскиот претседател дека најверојатно ќе мора да воведе санкции кон Русија.

Србија можеби ќе треба да воведе санкции кон Русија, им рече Вучиќ на парламентарните претставници вчера за време на дебатата за Косово, додавајќи дека не е ентузијаст за тоа, но дека Белград веќе ја плаќа цената што претходно не го сториле тоа.

„Не сум ентузијаст за тоа, но не знам колку долго ќе издржиме ако не воведеме санкции. Ние ја плаќаме цената што не ги воведовме, но тоа е прашање на политичка определба на нашето раководство“, рече Вучиќ во парламентот.

„Ние многу го цениме овој став на српското раководство и се надеваме дека нашите билатерални односи ќе продолжат со нивниот нагорен развој“, рече Песков, според извештајот на агенцијата ТАСС.

„Целосно го разбираме невидениот притисок на колективниот Запад врз српското раководство и цената, како и напорите што му беа потребни на српското раководство за да го издржи овој притисок до денес“,цитираше агенцијата ТАСС претставник на Кремљ.

Песков истакнал дека Русија ги негува односите со Србија и дека, како што рече, тие имаат „длабоки историски корени, имаат исклучително значајна сегашност и убедени сме дека имаат голема перспектива за иднината“.

Агенцијата ТАСС потсетува дека Вучиќ претходно во парламентот изјави дека поради принципиелно отфрлање на политиката на антируски санкции Србија остана без сојузници на Запад.

Покрај тоа, тој рече дека, иако не е ентузијаст за изгледите за воведување ограничувања против Русија, Белград во одреден момент ќе мора да воведе санкции поради ситуацијата во Украина.

Српскиот лидер истакна и дека неговата земја е способна објективно да ги оцени настаните во Украина бидејќи се воздржува од етикетирање на спротивставените страни, наведува руската агенција ТАСС.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk