logo
logo
logo

Судот утврди дека е НЕПРЕСМЕТЛИВА

КРАЛИЦАТА НА ЏЕПЧИИТЕ ќе се лечи од КЛЕПТОМАНИЈА: Сабахета ХАРАЛА по Босна и регионот

Vecer | 28.11.2022

КРАЛИЦАТА НА ЏЕПЧИИТЕ ќе се лечи од КЛЕПТОМАНИЈА: Сабахета ХАРАЛА по Босна и регионот

„Кралицата на џепчиите“ Сабахета Џиндо од Сараево е осудена на задолжително психијатриско лекување, пишува Klix.ba.

Инаку, Џиндо беше уапсена за кражби во речиси сите градови во Босна и Херцеговина, но и во соседните земји. Таа во септември 2015 година беше на црвената листа на потраги на Интерпол.

Последен пат таа беше уапсена во Бања Лука, во јуни годинава, по три потерници издадени од СВР Бања Лука, Полициската управа Добој и СВР Зворник.

Според пресудата на Основниот суд во Бјелина, Џиндо ограбила две лица во трговски центри во Бјелина и им ги украла парите и банкарските картички.

Најпрво на 18 јули од чантата на Ј.Н. украла паричник со пари, документи и банкарска картичка. Во паричникот имало 170 марки, а Џиндо од картичката „симнала“ уште 500 марки.

Еден месец подоцна, на 21 август, Џиндо извадила, украла од торба на Т.Б. паричник во кој имало 1.050 марки и 70 евра.

На почетокот на ноември истиот суд ја осуди и Џиндо на психијатриско лекување, бидејќи украла 4.900 марки од муштерија во фризерски салон.

Судовите по правило утврдуваат дека Џиндо прави криминални дејствија во налудничава состојба, па ја осудуваат на задолжително психијатриско лекување од клептоманија.

Според последната пресуда, мерката психијатриско лекување треба да се спроведе во Центарот за ментално здравје во Сараево, каде што живее Џиндо.

Фото: Printscreen YT

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk