logo
logo
logo

КОСТА СТАНУВА САМ НА ПСИХИЈАТРИЈА: Семејството на детето убиец заминува од Србија

Vecer | 13.05.2023

КОСТА СТАНУВА САМ НА ПСИХИЈАТРИЈА: Семејството на детето убиец заминува од Србија

Семејството на Коста К.(13), кој на 3 мај уби осум деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ Белград, најверојатно од безбедносни причини ќе се пресели во странство. Мајката на Коста и неговата десетгодишна сестра би можеле први да ја напуштат Србија, а да им се придружи и таткото на момчето-убиец, откако тој ќе излезе од затвор, пишува Република.рс.

Психолозите и криминолозите сметаат дека ова е најдоброто решение за ова семејство, особено за сестрата на Коста.

Родителите на Коста имаат добино стотици закани преку Интернет по невиденото злосторство што го изврши нивниот син. Таткото Владимир, моментално е зад решетки, а мајката, земала неплатен одмор од Биолошкиот факултет каде работи и е со ќерката во непознато место во Србија. Во тоа училиште сигурно нема да се врати помалата сестра на Коста, која исто како него учеше во основното училиште „Владимир Рибникар“ и моментално е четврто одделение.

Милан Костиќ, психолог и судски вештак, смета дека и помалата сестра на Коста е жртва на нејзиниот брат, бидејќи таа ќе ги сноси последиците од неговото дело до крајот на животот.

Таа девојка не направи ништо, а цел живот ќе биде обележана и жигосана. Тоа ќе го прави околината и мислам дека треба да се заштити што е можно повеќе. Ваквата ситуација кај нас не е вообичаена, но важно е да и се објасни на мајката колку е сложена ситуацијата за нив и дека можеби најдоброто решение е да ја напуштат државата. Мислам дека разделбата од Коста е неопходна во овој случај. Мајката треба да разбере дека покрај синот има и ќерка и дека мора да направи нешто за да ја заштити – вели Костиќ и додава: Уништено е се, вклучително и неговиот живот и животите на сите семејства кои ги огорчи со својот чин. Ги уништи и животите на својата мајка, татко и сестра. Неговото семејство многу години ќе трпи страшни последици бидејќи вакво нешто тешко се заборава – изјави Радовановиќ.

Тој забележува дека мајката и таткото ќе ги чувствуваат последиците до крајот на животот, но дека сестрата, можеби поради младоста, нема.

Кога ќе порасне, можеби во одреден момент сестрата ќе се дистанцира од тоа злосторство, но… Сега единствено решение е промена на средината. Најкорисно е да се смени презимето, но не сум запознаен со процедурата. Секако, мајката и сестрата на Коста имаат опција да не сменат ништо, но потоа ќе ги сносат последиците. Доколку одлучат да ја напуштат државата, веројатно ќе бидат под постојан надзор на безбедносните служби на земјата во која се преселуваат – истакнува Радовановиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk