Косовското Собрание не ја усвои резолуцијата за либерализација на визите

Собранието на Косово не го усвои предлогот на опозицијата за либерализација на визите. Поради неуспехот во процесот, граѓаните бараат оставка од Владата.

На почетокот на денешната седница од 74 присутни пратеници, „за“ гласале 40 пратеници, додека еден пратеник бил против, а еден воздржан.

Според Деловникот за работа, со оглед на тоа што не гласале најмалку 61 пратеник, Собранието одлучи ова прашање да биде одложено и за него да се гласа на некоја од следните седници.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари